За сите кафехоличари: Лате со ф`стаци

За сите кафехоличари: Лате со ф`стаци

За ова вкусно лате ќе ви требаат околу 10 минути и сигурно ќе го обожавате ако сте кафехоличари и сакате да експериментирате.

За сите кафехоличари: Лате со ф`стаци

Потребни состојки:

  • 120 милилитри филтер кафе или 2-4 еспресо капсули
  • 1 лажица путер
  • 1 лажичка арома на ф`стаци или мелени ф`стаци
  • 2 лажици шеќер или засладувач по избор
  • 1/2 лажица кафеав шеќер
  • 1-2 капки зелена боја за храна или спирулина, шлаг и мелени ф’стаци по избор

Начин на подготовка:

  1. Загрејте го путерот во мало тенџере на средна топлина, мешајќи постојано додека не порумени. Откако целиот путер ќе стане кафеав, истурете го во мала чинија.
  2. Загрејте го млекото во микробранова печка додека не стане жешко, но да не врие. Може да го направите и пена за повеќе пенливо лате. Откако млекото ќе се загрее, промешајте го со аромата на ф`стаци или мелени ф`стаци, половина од путерот и шеќерот. Мешајте додека не се измеша добро.
  3. Поделете ја мешавината на млеко во две шолји и прелијте го со еспресо или филтер кафе.
  4. Во мал сад, комбинирајте го преостанатиот путер и кафеавиот шеќер за да направите прелив. Ако користите шлаг, поделете го рамномерно во двете шолји.
  5. Украсете ги кафињата со неколку капки зелена боја за храна или спирулина, шлаг или мелени ф’стаци. Уживајте!

Можеби ќе сакате да го пробате и ова вкусно смуди со кафе и таан.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар