Дали би се откажале од секс во замена за патувања?

Дали би се откажале од секс во замена за патувања?

Во едно истражување на Триваго каде што биле испитувани повеќе од 2.000 возрасни лица во САД и Велика Британија, компанијата сакала да види како луѓето планираат, сонуваат и размислуваат за патувања во 2021 година. Истражувањата покажале дека Американците се толку очајни што би биле подготвени да се откажат од некои работи што можат веднаш да го сменат правецот на живот.

Дали би се откажале од секс во замена за патувања?

Од анкетираните, 25 проценти од Американците рекле дека ќе се откажат од сите заштеди, а 48 проценти дури и ќе се откажат од работата. Некои испитаници дури биле подготвени да се откажат од своите љубовни врски, а 20 проценти рекле дека ќе ги напуштат своите партнери, додека 38 проценти изјавиле дека би се откажале од сексот една година само за да можат да патуваат. Јасно е дека патувањата играат голема улога во нашиот живот и целокупната среќа. Всушност, 84 проценти од испитаниците во САД рекле дека патувањето е клучно за добриот живот. Од нив, 56 проценти додале дека се чувствуваат возбудено кога ќе размислат за своето прво патување по пандемијата. Истражувањето открило и дека 72 проценти од испитаниците во САД планираат да патуваат повеќе од порано по завршувањето на пандемијата.

Прочитајте и за ова истражување кое вели дека кучињата и луѓето стареат на ист начин.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар