Кога помислувате на протеини, веројатно мислите дека ги има само во месото, морските плодови, мешунките, млечните производи и оревите. Сепак, списокот не завршува тука бидејќи има добар процент на протеини во овошјето. Иако овие намирници содржат најмногу протеини, во случај да сте на диета или сте алергични на некоја од нив, добро е да знаете дека и во овошјето може да најдете протеини.rnrn
rnrnСпоред истражувањето, жените треба да консумираат 46 грама протеини дневно, а мажите околу 56 грама. За да го постигнете ова, порцијата овошје што ja јадете за ужина нема да ви биде доволна. Во продолжение прочитајте кое овошје има висок процент на протеини за да го додадете во вашата исхрана.rn
Гуава
rnГуавата содржи околу 4 грама протеини во себе, многу е слатка за јадење и содржи многу витамин Ц, растителни влакна, а се препорачува да се јадат и кората и семките.rn
Авокадо
rnВеројатно знаете дека авокадото е одличен извор на здрави масти. Сепак, дали знаевте дека содржи и 3 грама протеини во него? Авокадото е богато со растителни влакна, магнезиум, ниацин и витамини Ц, Е и К и е одлична комбинација на масти и растителни влакна што ќе ве држат сити со часови.rn
Кајсија
rnСвежите кајсии содржат до 2 грама протеини. Ова овошје е добар извор на калиум и витамини А, Ц и Е, а особено е добро за здравјето на очите и кожата. Исто така, влакната што се наоѓаат во лушпата на кајсијата и во средината го подобруваат варењето на храната.rn
Капини
rnЕдна рака свежи капини содржат околу 2 грама протеини. Во нив ќе најдете речиси 50% од препорачаната дневна доза на витамин Ц, како и високо ниво на антиоксиданти кои се борат против слободните радикали. Исто така, тие содржат дури 8 грама влакна и ќе се чувствувате прилично сити откако ќе изедете мала количина капини.rnrnПрочитајте што ќе се случи со вашето тело ако престанете да јадете овошје и зеленчук.