Запознајте го новиот тренд за шминкање: „Halo eye“
Кога станува збор за шминкањето на очите, повеќето луѓе преферираат зачадени очи, што веќе стана култен тренд. Но, неодамна почна да се истакнува друга техника за шминкање на окото, за која многумина тврдат дека може да ѝ стане опасна конкуренција на техниката зачадени очи. Станува збор за „halo eye“.
View this post on Instagram
Кој е клучот за изгледот на „halo eye“?
Фокусот на овој изглед е всушност на металик, сјајните и светкави нијанси што се нанесуваат во средината на горниот и долниот очен капак, додека контрастот се постигнува со потемни нијанси на сенки. Тие се нанесуваат на внатрешната и на надворешната страна на окото, што придонесува за илузија на поголеми и посветли очи.
Како да го постигнете овој изглед?
Најлесен начин да го направите ова е да ги поделите очните капаци на тие делови – внатрешен агол, средина и надворешен агол. Поентата е да се постигне форма на бадем на секоја страна од очниот капак, но наместо да преминете од светли во темни нијанси на сенки, одете во обратен редослед. Започнете со темна сенка, нанесете ја посветлата на средина на очниот капак и завршете повторно со темната. Повторете ја истата постапка на долната линија на трепките. А, за да ја завршите оваа приказна, повлечете тенка линија по трепките со моливче или ајлајнер и не заборавајте да ја нанесете омилената маскара.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Погледнете кои 5 модни трендови треба да бидат неизоставен дел од вашата гардероба во 2021 година.