Како да направите „кадифени“ нокти дома?
Овој начин на украсување на ноктите е многу популарен, особено во периодот од годината кога жените сакаат да се облекуваат малку погламурозно, како, на пример, за претстојниот Ден на вљубените.
View this post on Instagram
„Кадифениот“ начин на лакирање на ноктите им дава луксузен, малку свилен, малку сјаен, металик изглед. Иако можеби ви се чини дека такво нешто е тешко да се направи дома, со неколку совети и малку вежбање, можете да ги украсите ноктите како во салон.
View this post on Instagram
Премачкајте ги ноктите со прајмер (течност што се користи при поставување вештачки нокти или нанесување траен лак) и над него ставете го основниот слој. Додека сè уште е влажен, ставете го ноктот во прав за нокти во саканата боја и истресете го вишокот.
Потоа, повторно намачкајте го ноктот со основниот слој, ставете го во прав и истресете го вишокот. Повторете ја постапката.
Потоа, ставете активатор што ќе ги зацврсти слоевите што сте ги нанеле претходно. Следниот чекор е полирање на површината на ноктите за да бидат совршено мазни. Повторно нанесете активатор на ноктите, а потоа нанесете завршен сјаен слој за брзо сушење.
Погледнете на видеото како да го направите тоа:
Погледнете го овој пролетен маникир на кој нема да можете да му одолеете.