Зошто кучињата им лаат на некои луѓе, а на други не?

Зошто кучињата им лаат на некои луѓе, а на други не?

Кучињата се секогаш во режим на тревога кога ќе се појави некоја непозната личност. Сепак, тие понекогаш веднаш почнуваат да ‘ржaт или да лаат на некои луѓе, а на други не. Таквото однесување може да укаже на агресија, одбранбен став или вознемиреност. Но, зошто кучињата имаат различни реакции во зависност од индивидуата?

1. Непознатото е страшно

Зошто кучињата им лаат на некои луѓе, а на други не?

Најчестата причина зошто вашето куче реагира лошо на одредени луѓе е затоа што доживува нешто ново. Ако кучето не е соодветно социјализирано, секое изложување на странци, а со тоа и на еден куп нови мириси, глетки и однесувањa, може да изгледа заканувачки за животното. Дури и ако кучето е социјализирано, сепак може да се најде во ситуација да се чувствува вознемирено и несигурно за нешто непознато.

Kучето најверојатно ќе им лае на луѓето кои поседуваат повеќе непознати одлики, особено кога станува збор за мирис и изглед.

2. Кучињата сметаат дека некои карактеристики се повеќе заканувачки

Зошто кучињата им лаат на некои луѓе, а на други не?

Луѓето се разликуваат по големината, карактеристиките и начинот на движење, а сето тоа може да изгледа застрашувачки за кучето. Меѓу работите што може да изгледаат застрашувачки се:

  • додатоци како капи и очила за сонце што го кријат лицето и го спречуваат погледот на кучето
  • коса на лицето, од истата причина
  • висина
  • длабок глас
  • посебен говор на телото, особено директен интензивен контакт со очите или загледување
  • силен мирис на чад, но кучето може да не го сака вашиот шампон, парфем, дезодоранс, па дури и храната што сте ја јаделе

Секоја комбинација од овие работи може да предизвика кучето да се чувствува нервозно. Некои кучиња генерално се плашат од возрасни мажи затоа што имаат повеќе „чудни“ карактеристики од перспектива на кучето: тие се повисоки, имаат подлабок глас и влакна на лицето.

3. Лошите спомени може да го уништат првиот впечаток

Зошто кучињата им лаат на некои луѓе, а на други не?

Кучињата може да забележат нешто со што имаат негативна поврзаност и да застанат во одбрана. Некои луѓе може да изгледаат застрашувачки за одредени кучиња бидејќи тие го поврзуваат мирисот или изгледот на една личност со лоши спомени. Ако кучето било повредено или малтретирано во минатото, тоа може да лае на луѓе кои го потсетуваат на луѓето што го малтретирале. Кучињата може да развијат општа недоверба кон некои специфични карактеристики, како што е полот.

4. Кучињата се обидуваат да ги заштитат своите сопственици, дури и ако тоа не е потребно

Зошто кучињата им лаат на некои луѓе, а на други не?

Кучињата може да реагираат агресивно кон секој што „го напаѓа“ нивниот простор или постапува на начин што може да се сфати како закана за семејството. Однесувањето што може да предизвика заштитна реакција кај вашето куче не мора да биде агресивна. Може да биде само ненадејно или енергично движење.

Всушност, кучињата може да ги перципираат луѓето како страшни ако направат необични движења или врева, како ставање капа или отворање чадор. Покрај тоа, кучето едноставно може да се чувствува љубоморно и да се однесува посесивно ако види пријателски интеракции помеѓу неговиот сопственик и другите луѓе.

5. Кучињата ја гледаат вистинската природа на луѓето

Зошто кучињата им лаат на некои луѓе, а на други не?

Кучињата честопати можат да го проценат карактерот на луѓето, а неколку истражувања покажаа дека кучињата можат да утврдат дали некое лице е доверливо или не. Кучињата се претпазливи и постојано следат како другите луѓе се однесуваат кон своите сопственици. Поголема е веројатноста да покажат недоверба и да лаат ако видат дека луѓето се бескорисни.

Понатаму, кучињата навистина можат да намирисаат страв, заедно со стрес, возбуда и вознемиреност, преку хормоните што се ослободуваат со мирисот на вашето тело. Чувствувајќи ги овие екстремни емоции, вашето куче може да се чувствува непријатно и крајниот резултат најчесто е лаење.

Како да се избегне лаењето?

Зошто кучињата им лаат на некои луѓе, а на други не?

За да спречите голем дел од овие проблеми, треба правилно да го социјализирате кучето додека е сè уште мало. Обидете се да го запознаете со колку што е можно повеќе нови мириси, звуци и луѓе за подоцна ништо да не може да го изненади. Ако е изложено на различни искуства, кучето ќе биде психички стабилно.

Ако кучето веќе има проблем со луѓето, научете го да не се поставува одбранбено или заштитнички кон сè околу себе. Обучете го со клучни наредби, на пример, да седи или да се смири кога ќе има некоја нова личност во близина, повторувајќи го процесот додека вашето куче да научи што да прави без навистина да размислува за тоа. Не заборавајте да чувате во близина неколку негови омилени закуски како награда за доброто однесување.

Прочитајте дали го разгалувате вашето куче со вашето однесување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар