Грицкање нокти: Иако најчесто се поврзува со стрес, еве што друго може да значи
Грицкањето нокти секогаш го поврзуваме со стрес, но прочитајте што друго може да значи. Сигурно ќе се изненадите.
1. Можеби сте перфекционист
Според многу истражувања, повеќето луѓе кои грицкаат нокти се перфекционисти. Истражувачите испитале група луѓе, од кои половина ја имале оваа навика, а половина не. Се покажало дека оние кои ги грицкале ноктите се лица кои работат премногу.
2. Вие сте попаметни отколку што мислите
Луѓето кои грицкаат нокти се често оние луѓе кои не ги извршуваат своите задачи со вообичаеното темпо. Многу луѓе имаат тенденција да ги гризат ноктите во моментите на интензивна концентрација кога се обидуваат да решат проблем.
3. Можеби сте нетрпеливи
Досадата и фрустрацијата може да бидат важни предизвикувачи за грицкање на ноктите. Штом стане навика, го правите кога ви е здодевно или додека чекате нешто.
4. Можеби не сте задоволни со себе
Грицкањето на ноктите може да биде нервна навика што ги тера луѓето привремено да се чувствуваат подобро. Оваа навика често ја споделуваат луѓе кои имаат големи очекувања. Кога не можат да ги постигнат своите цели, тие често се чувствуваат разочарано и засрамено.
5. Може да биде поврзано со психолошки проблем
Грицкањето на ноктите може да биде поврзано со опсесивно-компулсивно нарушување, односно кога луѓето чувствуваат потреба да прават нешто одново и одново.
Прочитајте зошто не треба постојано да се потсетувате на деновите пред пандемијата?