10 факти што најверојатно не сте ги знаеле

10 факти што најверојатно не сте ги знаеле

Образованието е нешто што не престанува бидејќи е практично невозможно да дојдете до точка кога знаете сè што вреди да се знае. Желбата за едукација, но и за откривање интересни историски факти е водечката идеја на една заедница на Редит. Нејзиното име е „Денес научив“ (Today I learned) и собира љубопитни луѓе кои сакаат да научат нешто ново секој ден. Во продолжение ќе прочитате 10 интересни факти што ги има таму.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daniel Cotrim (@odanielcotrim)

1. Проноја е спротивно на параноја. Додека параноичните луѓе мислат дека сè е против нив, оние што се проноидни веруваат дека другите луѓе се договараат зад нивниот грб како да им помогнат.

2. Познатата слика „Крик“ на Едвард Мунк е насликана на картон.

3. За време на преговорите помеѓу лидерите на САД и Советскиот сојуз во текот на 80-тите години, тогашните претседатели, Роналд Реган и Михаил Горбачов, се договориле да ја паузираат Студената војна во случај на инвазија на вонземјани.

4. Истражувачите од „Харвард“ откриле дека луѓето кои немаат пријатели имаат ист ризик од предвремена смрт како и пушачите.

5. Алберт Геринг, брат на познатиот нацист Херман Геринг, бил голем противник на политиката на Хитлеровата партија. Тој постојано им помагал на неистомислениците и на Евреите прогонувани од страна на режимот, а понекогаш го фалсификувал потписот на својот брат за да им дозволи безбедно да ја напуштат земјата.

6. Џонатан Свифт, авторот на „Гуливеровите патувања“, страдал од тешка форма на депресија и секоја година на својот роденден го проколнувал своето доаѓање на овој свет така што бил облечен во црно.

7. Една од причините зошто корсетите излегле од мода на почетокот на 20-тиот век бил фактот што за време на Првата светска војна, американските власти побарале од своите граѓани да се воздржат од купување за да остане повеќе метал за воената индустрија.

8. Во едно истражување од 2012 година, лекарите ширум светот ја избрале анестезијата како најважно медицинско откритие, пред антибиотиците и рендгенот.

9. Мравките спијат околу 250 пати на ден по една минута, што значи дека спијат нешто повеќе од 4 часа вкупно. На овој начин, 80% од мравките на една колонија се будни во секое време.

10. Мислењето дека кафето и чајот може да ве дехидрираат е погрешно. Вистина е дека овие пијалаци се слаби диуретици, т.е. го стимулираат уринирањето, но оваа загуба на течности од вашиот организам е надоместена со дополнителната течност што ја внесувате кога пиете кафе или чај.

Прочитајте ги и овие 10 факти што звучат неверојатно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар