Колку е поголема разновидноста на птиците со кои сте опкружени, толку е подобар квалитетот на животот, покажува новото германско истражување.rnrn
rn
„Низ Европа, индивидуалното уживање во животот е поврзано со бројот на околните видови птици“, пишуваат авторите на истражувањето.
rnСпоред истражувањето, живеењето и работењето во близина на биолошки разновидна популација на птици е исто толку важно за среќата како и приходите. Зголемувањето на разновидноста на птиците за 10% го зголемува задоволството од животот исто како и зголемувањето на платата за 10%.rnrnИстражувачите ги користеле податоците од „Европското истражување за квалитетот на животот“ за да го утврдат постоењето на врската помеѓу птиците и среќата кај повеќе од 26 000 луѓе од 26 европски земји.rn
„Најсреќните Европејци се оние кои имаат некаков контакт со многу видови птици во својот секојдневен живот или кои живеат во средина населена со разни видови птици“, вели главниот автор Џоел Меторст, истражувач на Универзитетот „Гете“ во Франкфурт.
rnКако највидливи елементи во природата, птиците се добри показатели за целокупниот биодиверзитет, особено во урбаните области.rnrnДури и кога не се видливи, тие се најзвучните животни со кои обично се среќаваат луѓето. Повеќето луѓе не се ни свесни колку добро влијание има птичјиот звук врз нивното расположение.rnrnНо, постои уште еден аспект што влијае на задоволството од животот, а тоа е околината. Местата со најмногу видови птици се обично природни, биолошки разновидни предели, со соодветни зелени површини, како што се шумите, ливадите, езерата и потоците. Овие сини и зелени простори се поврзани со среќата и во многу други истражувања.rnrnПрочитајте ги овие 25 работи за среќата што треба да ги научите во 20-тите години.