КАФЕ ПАУЗА

За поранешни и активни пушачи: 10 намирници што го чистат организмот од никотин

За поранешни и активни пушачи: 10 намирници што го чистат организмот од никотин

Ако сте престанале да пушите или сте страсен пушач, најбрзиот начин да го исчистите вашето тело од никотин е со помош на оваа храна.rnrnЗа поранешни и активни пушачи: 10 намирници што го чистат организмот од никотинrn

1. Спанаќ

rnФолната киселина е многу важна за нормално функционирање и развој на организмот, но исто така му помага на организмот да се ослободи од никотинот. Спанаќот содржи голема количина фолна киселина.rn

2. Брокула, карфиол и зелка

rnОвој зеленчук е исклучително здрав. Покрај тоа што содржи полифеноли за кои се покажало дека се корисни во намалување на разни воспаленија во дигестивниот тракт, тој содржи и антиоксиданти кои го чистат телото од многубројни токсини. Гответе ги колку што е можно пократко за да ја зачувате целата нивна хранлива вредност.rn

3. Зелен чај и витаминска вода

rnСо пушењето, телото ја губи потребната течност и организмот дехидрира многу побрзо. Пиењето голема количина домашна витаминска вода што лесно можете да ја направите сами, како и зелениот чај полн со антиоксиданси, го исфрлаат никотинот од телото.rn

4. Моркови

rnНикотинот ја уништува кожата и ја прави безживотна и сува. Ако сакате да се ослободите од овие несакани ефекти од пушењето, јадете повеќе моркови. Тие содржат големи количини витамини А, К, Ц и Б кои се главните средства за чистење на организмот. Исцедете го морковот во соковник измешан со јаболко и лимон или изрендајте го во салата.rn

5. Киви, лимон и портокал

rnОсвен вода, пушењето ги отстранува витамините А, Ц и Е од организмот, кои го зајакнуваат имунитетот и му помагаат на организмот во борбата против разни инфекции и бактерии. За да ги надоместите изгубените витамини, јадете киви или испијте чаша лимонада.rnrnСокот од портокал го хидрира телото, му ги обезбедува потребните витамини, но исто така го чисти организмот од никотин. Исцедете два портокали, додајте малку вода и пијте помеѓу оброците.rnrnПрочитајте кои намирници ќе ви помогнат да ги исчистите вашите бели дробови ако сте пушач.