Трендот во уредувањето на домот што луѓето го пречекаа со раширени раце е светлото дрво, кое ќе преовладува во дизајнот на ентериерот во 2021 година. Светлото дрво освојува на прв поглед и му дава свежина и ведрина на просторот.rnrn
rnrnСветлите бои внесуваат светлина и убаво расположение во домот, а тоа ни е сега потребно повеќе од кога било. Прекрасен начин да се постигне овој ефект е да се користи светло дрво. Акцентите како што се ѕидните облоги, мебелот или украсните додатоци може да бидат направени од светло дрво како јасен, даб, бука или бор.rnrnДрвото изгледа топло и естетски многу привлечно во комбинација со бел мебел, но и со детали во други светли бои. Природните, необоени површини ја нагласуваат природната удобност, но сепак му даваат убава софистицираност на просторот.rnrnВо 2021 година, мебелот од ратан ќе биде голем тренд, па и тоа е одличен начин да внесете светло дрво во домот. Во продолжение ќе најдете инспирација за уредување на вашиот дом со мебел од светло дрво.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете како оваа година да ја вклопите бојата берија во вашиот дом.
Светло дрво во домот: Нов тренд во 2021 година што му дава ведрина на ентериерот
