Бидете внимателни: Првото ретроградно движење на Меркур започнува на 30 јануари
Ретроградното движење на планетите значи нивно движење наназад, а овој аспект најчесто носи проблеми, пречки, предизвици, враќање на сенките од минатото и несакани вибрации.
За време на ретроградниот период е важно да забавите и повторно да го процените патот по кој се движите.
Ретроградната фаза на планетите се одвива во циклуси – за секоја планета движењето е различно, а Меркур има најсилно влијание во ретроградна фаза.
Немојте да се изненадите ако станете почувствителни, срамежливи и несигурни за време на ретроградниот период. Тоа е период во кој ќе бидете ставени на тест, но истовремено ќе научите важни животни лекции на потежок начин.
Првата ретроградна планета во 2021 година е ретроградниот Меркур во знакот на Водолија од 30 јануари до 21 февруари. На почетокот на своето владеење, овој ретрограден Меркур најпрво ќе ве инспирира, а потоа ќе ве однесе во поле на несигурност и неизвесност.
Ве очекуваат тешкотии во изразувањето чувства и може да се најдете во улога на жртва, а животните ситуации ќе стануваат сè потешки за контрола.
Можеби сакате да бидете сами и да се повлечете во светот на вашите сопствени мисли. Ве очекуваат тешкотии и стравови кога станува збор за работата и парите, но не откажувајте се од своите цели.
Астролозите препорачуваат да не купувате телефони, компјутери, телевизори или домашни апарати во овој период бидејќи се можни компликации и дефекти во областа на технологијата.
Исто така, одложете ги важните одлуки до крајот на февруари кога Меркур ќе почне да се движи директно. Бидете внимателни – тајните можете да ги турнете под тепих, но тие наскоро ќе се појават на површината. Затоа, бидете искрени и отворени бидејќи колку и да е болна вистината, таа ќе ви донесе повеќе благодат отколку лагата.
Прочитајте кои хороскопски знаци ќе се соочат со најмногу пречки во 2021 година.