Одличен трик како да го исчистите филтерот од машината за перење
Алис Констејбл од Америка го сподели на Фејсбук начинот на кој најефикасно ја чисти машината за перење. Овој трик е особено корисен за да спречите протекување вода од филтерот до подот.
„Ако сакате да го исчистите филтерот од машината за перење, мојот совет е да ставите крпа или пелена под филтерот. Пелената ќе ја апсорбира целата вода што истекува од филтерот и потоа можете веднаш да ја фрлите во ѓубре“, напишала Алис на социјалните мрежи.
Се препорачува да се чисти филтерот на секои три до четири месеци за да не се затне.
Нејзината идеја им се допадна на многумина и рекоа дека ќе ја испробаат, а имаше и такви кои подолго време користеле пелени за да ги избришат истурените течности. Една жена додаде дека ги користи пелените кога ќе се истури нешто на тепихот.
Погледнете го овој трик што го споделила една мајка која го спасила кадифениот тросед откако нејзиното дете го „украсило“ со траен маркер.