„Да му влезете некого во кадарот“ при фотографирање, или како што популарно се нарекува фотобомба, секогаш е забавно и смешно. Едно куче реши да направи вакви потези и ги „украси“ празничните фотографии на своите сопственици.rnrnНеговото излегување среде фотографија секогаш го привлекува вниманието и смеењето на членовите на неговото семејство, што им дава дополнителен шарм на фотографиите, поради што станаа вирални на социјалните мрежи. Станува збор за ловџиско куче Пени кое неговите сопственици го посвоиле во нивното седумчлено семејство.rnrnПени го посвоиле од засолниште за животни во април минатата година, неколку месеци откако нивното куче починало. Пени бил пронајден во кутија покрај корпа за отпадоци со уште 11 други кученца и пренесен во засолниште за да го најде својот дом. Со своето доаѓање Пени донел и забава во домот, а тоа можете да го видите во следните фотографии.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете како еден фотограф ја овековечува убавината на белиот лав од секој агол.
Запознајте го Пени: Слатко куче кое им „влегува во кадар“ на празничните фотографии на своите сопственици
