Градба чии креатори биле ослепени за никогаш повеќе да не направат исто величествено дело

Градба чии креатори биле ослепени за никогаш повеќе да не направат исто величествено дело

Катедралата покажала Руска моќ, која само што излегла од војна, а по легендата која е жива и ден денес, страшниот руски цар Иван, наредил да се ослепат архитектите за никогаш повеќе да не направат иста таква величествена градба.

Градба чии креатори биле ослепени за никогаш повеќе да не направат исто величествено дело

Секоја чест на Кремљ, Црвениот плоштад и на се останато, но веројатно сите ние, кога ќе се спомне Москва, помислуваме на величественаата катедрала во разни бои. Е, па ако е така, нема да биде на одмет да се научи нешто повеќе за неа.

Ова архитектско чудо е изградено во средината на 16ти век, а да се изгради така, било баш тежок подвиг. Во тој момент, тоа било највисоката градба во градот, а помогнале и совети од Италија околу нова техника на ѕидање. Катедралата покажала Руска моќ, која само што излегла од војна, а според легендата која и ден денес е жива, страшниот руски цар Иван, наредил да се ослепат архитектите за повеќе никогаш да не направат иста таква величествена градба.

Градба чии креатори биле ослепени за никогаш повеќе да не направат исто величествено дело

Со оглед на тоа дека пет векови подоцна, индентитетот на архитектите не може да се потврди, можеби легендата е вистинита, но денеска се смета дека архитектите се познати како Барма и Постник Јаковлев, заслужни за катедралата. Со тоа што многумина сметаат дека всушност станува збор за една личност, односно дека Барма е надимак кој што го носел Јаковлев.

Градбата, службено позната како катедрала Покровски (неслужбено е наречена по Св. Василиј), има десет куполи. Секоја од нив е со различна боја – сина, зелена, црвена, жолта. Во светот ја познаваат во бајковитиот изглед, а ја сакаат и туристите, кои годишно ги привлекува повеќе од 400 илјади. Со време сепак доживеала значајни промени и реставрации, но успеала да го преживее нападот на Наполеон 1812 година, а и покрај страшните предвидувања, ни самиот Сталин не смеел да ја сруши. Иако, треба да се каже дека 1928 година е пренаменета и се до 1990 година била музеј, а дури потоа и е вратена првобитната намена.

Градба чии креатори биле ослепени за никогаш повеќе да не направат исто величествено дело

Но, да се вратиме на момент на куполите. Иако денеска се обоени, а катедралата е со црвена боја, се претпоставува дека по изградбата била бела со златни куполи. Сепак, 17-ти век довел до денешниот изглед, но ни ден денес, поради недостиг на документи, историчарите не можат со сигурност да потврдат. Секако, со веќе спомнатиот Кремљ и Црвениот плоштад, катедралата ја препознал и Унеско и ја додал на списокот на Светски наследства.

Градба чии креатори биле ослепени за никогаш повеќе да не направат исто величествено дело

Градба чии креатори биле ослепени за никогаш повеќе да не направат исто величествено дело

Погледнете ги овие прекрасни куќи во кои би се чувствувале како во филмот „Сам дома“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар