Во зимските месеци не можете да се заситите од фотографиите од убаво уредени дневни соби со камини. Има ли нешто поубаво во зима од сцената со камин во кој гори оган и сè е полно со топлина и светлина создадени од огнот – и собата и душата.
Кога замислувате идилично место за живеење, сигурно има камин во дневната соба. Ништо не внесува толку многу топлина и слатка романса во домот како каминот што му дава допир на антички шарм дури и на најмодерниот простор. Иако камините речиси исчезнаа од нашите домови во денешно време, тие сепак се желба на многумина и многу луѓе фантазираат како седат покрај каминот за време на студените зимски вечери, со топол пијалак и книга во рацете.
Во продолжение погледнете ги фотографиите од дневни соби со камин што веднаш ќе ви го стоплат срцето.
За повеќе фотографии продолжете на следната страница…

