Кои се лековитите својства на маслото од црн ким?

Кои се лековитите својства на маслото од црн ким?

Лековитите својства на маслото од црн ким се познати од многу одамна, а го користеле и античките Египќани. Благодарение на своите моќни активни супстанции, црниот ким е познат како многу моќен лек кој ги ублажува симптомите на многу здравствени проблеми. Научно е докажано дека содржи протеини, витамини Б1, Б2 и Б3, калциум, железо, бакар, цинк, фосфор, како и омега-2 и омега-6 масни киселини, бета-каротен, тиамин, ниацин и тимокин.

Кои се лековитите својства на маслото од црн ким?

Од сите горенаведени, најмоќен е тимокинот. Има антиинфламаторни својства и е исклучително корисен за организмот.

Научниците докажаа дека само 2 грама црн ким дневно го намалува нивото на шеќер во крвта, па затоа е многу погоден за луѓето кои страдаат од дијабетес тип 2. Исто така, истражувањата покажаа дека црниот ким позитивно влијае на здравјето на срцето.

Ова се сите здравствени проблеми што може да ги излечи маслото од црн ким:

  • акни
  • настинка и грип
  • замор на мускулите на нозете
  • болки во грбот
  • ревматоиден артритис и артритис
  • висок крвен притисок
  • варење на храната
  • дијареа
  • главоболки
  • болки во увото
  • проблеми со синусите
  • паразити во телото
  • паѓање на косата

Како да го користите ова масло?

Ако имате високо ниво на шеќер во крвта, измешајте една лажица масло со мед и пијте половина час пред ручекот и вечерата.

За ублажување на дијарејата, измешајте една лажица масло од црн ким со јогурт и пијте 3 пати на ден.

За сува кашлица, измешајте половина лажица масло со кафе, а може да нанесете масло на грбот и на градите.

За настинки и грип, испијте комбинација од мед и масло по оброкот, а ако имате затнат нос, капнете неколку капки масло во ноздрите.

Паѓањето на косата може да се намали со маска од масло од црн ким. Измешајте го ова масло со маслиново масло и нанесете на косата. Оставете да отстои еден час и потоа исплакнете.

За лекување или ублажување на ревматоидниот артритис, загрејте го маслото и намачкајте ги деловите од телото што ве болат.

Погледнете како да направите ракија од шипка која е одлична за зајакнување на имунитетот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар