Магичните својства на пудрата ги покриваат сите несовршености на вашето лице и ја извлекуваат вашата убавина во преден план. Но, понекогаш се случува пудрата на кожата да не изгледа привлечно, туку повеќе изгледа избраздено и испукано. Во што е проблемот? Клучот за постигнување беспрекорен изглед на пудрата за лице е во добрата основа. Ако лицето не е соодветно подготвено за нанесување пудра, нема да изгледа убаво. Мртвите клетки на кожата кои не се отстранети со пилинг и дехидрираната кожа ја апсорбираат пудрата како сунѓер, а кожата изгледа како сува земја што чека дожд. Во продолжение прочитајте како да го избегнете лошото нанесување пудра.rnrn
rn
Темелно чистење на лицето
rnСекојдневната рутина за чистење на лицето е клучна за убава и негувана кожа, без траги на мртва кожа. Експертите препорачуваат чистење на лицето двапати на ден, освен ако немате проблематична кожа склона кон акни. Чистење се препорачува со благи средства на дневна основа, додека еднаш неделно, пожелно е да правите пилинг на лицето.rn
Хидратација на лицето
rnЗа да избегнете сув изглед на лицето по нанесувањето на пудрата, погрижете се да биде соодветно хидрирано. Обрнете посебно внимание на регионот околу очите, усните и челото, кои се највидливи кога станува збор за сувоста. Хидратантните кремови и тоникот треба да бидат вашето тајно оружје за нега на лицето, особено во постудените денови.rn
Користете масло за лице
rnЗа дополнителна борба против проблемот со сува кожа, користете масло за лице. Неколку капки ќе бидат доволни за вашата кожа да биде доволно еластична, негувана и подготвена да нанесете пудра.rn
Нанесете ја пудрата добро
rnКога нанесувате пудра, погрижете се да ја нанесете на секој сантиметар од лицето со малку влажен сунѓер за шминка. Не нанесувајте повеќе слоеви кои несомнено ќе распукаат на вашата кожа порано или подоцна.rn
Отстранете го вишокот пудра
rnАко мислите дека на вашето лице има премногу пудра, нема потреба да се грижите. Едноставно користете сунѓер за шминкање и отстранете го вишокот со нежни потези. Сè што не му е потребно на лицето, не треба ни да биде таму, а особено вишокот пудра.rn
Не нанесувајте многу пудра на деловите на лицето каде што имате брчки
rnНаспроти мислењето на припадничките на понежниот пол дека е потребно да се покријат сите брчки и линии на лицето со пудра, експертите советуваат дека помалку е всушност повеќе. Сите региони на лицето каде што има линии треба да се третираат со нанесување малку пудра.rnrnПрочитајте зошто природните производи за убавина може да направат повеќе штета отколку корист.