Канцеларија во двор за оние кои работат од дома
Работењето од дома станува сè поголем тренд во модерното општество, благодарение на брзиот интернет кој го има во речиси секоја куќа, можноста за групна комуникација, видео комуникација преку сервиси како Скајп наместо состаноци во живо, целодневното проверување имејл-пораки на паметните телефони, намалувањето на трошоците за превоз и уште многу други причини.Но, останувањето во рамките на вашиот удобен дом има и свои недостатоци како неодвојување на личниот од професионалниот живот, немање работна атмосфера, немање фиксно работно време, ниту можност за разменување збор-два со колегата спроти вас кој би го имале во канцеларија. Ако се борите со ваков проблем најверојатно ви е потребна ваква малечка, практична и лесно пренослива канцеларија која ќе ви создаде пријатна работната атмосфера во вашиот куќен двор.Мини-канцеларијата, т.н. „OfficePOD“, ја овозможува таа работна атмосфера која ја немате во вашата дневна соба и плус е доволно голема за да собере канцелариски стол, убаво биро за компјутерот, фиоки за вашите папки со документи и плус е лесно пренослива, во случај да се селите во друга куќа. Ако сакате да вработите некој во вашата фирма, можете да купите уште една канцеларија за него итн.Големината на оваа практична канцеларија со модерен дизајн изнесува 2.1 на 2.1 метри. Составена е од повеќе парчиња кои се спојуваат, а тоа ја овозможува нејзината едноставна инсталација, дури и во дворовите кои имаат најкомплициран пристап. Ова е една одлична идеја и практично решение за вашиот проблем, нели?!
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.