Мали трикови за брзо подготвување оброци
За полесно да го излупите лукот, загрејте го десет секунди во микробранова печка, а варените јајца ставете ги во ладна вода и полесно ќе ги излупите.
Трикови со кромид и лук
Ако сечете кромид, сечкајте го од коренот, кој на крајот го отстраните. На овој начин, деловите што ќе ги сечете нема да се одделат, а очите ќе ви се солзат помалку. Можете да го ставите лукот во пластична кеса и да го изгмечите со нож. На тој начин, и таблата и ножот ќе останат чисти. За да спречите лизгање на зеленчукот што го сечете на таблата, посипете малку сол на неа.
Брзо одмрзнување на месото
Ако на вратата ви се појават ненајавени гости и немате време да го одмрзнете месото, микробрановата печка ќе ви помогне. Месото, зеленчукот или замрзнатата риба ќе се одмрзнат за многу кратко време.
Брзо лупење на компирите
За да не се мачите да лупите поголема количина компири, едноставно исечете ја кората околу средината на секој компир и ставете ги да се варат. Кога ќе бидат готови, кората сама ќе се лизне од нив.
Полесно сечење на зеленчукот
За да ги исечете овошјето и зеленчукот колку што е можно побрзо, ставете ги во замрзнувач еден час пред да готвите. За да спречите лепење на зеленчукот и на овошјето кога ќе ги сечете, намрсете го ножот.
Потенко месо
Ако побарате од месарот да ви го пресече пилешкото на половина, ќе го скратите печењето за околу 15 минути.
Миење на рендето
Премачкајте го рендето со малку масло пред употреба и сирењето и другата леплива храна ќе се измијат без никакви проблеми. Откако ќе изрендате мрсно сирење, можете да рендате компири. Потоа, послесно ќе можете да го измиете рендето.
Замрзнување
Еднаш или двапати неделно, сечете поголеми количини зеленчук и замрзнете ги во садови или во вреќи за замрзнување и потоа само извадете ги и додајте ги во супи и сосови. Истото можете да го направите и со свежи зачини, како магдонос или анасон. Исечкајте ги зачините и ставете ги во замрзнувач и додајте ги малку пред крајот на готвењето.
Чисти плодови без мака
Најдобар начин за миење на овошјето и на зеленчукот е да го наполните мијалникот со ладна вода и да додадете чаша бел оцет, лажица сода бикарбона и сок од половина лимон. Оставете ги пет минути. Потоа, повеќето зеленчуци можете да јадете заедно со кората и нема да потрошите време за лупење.
Полесно лупење
Јадењата од домати ќе бидат полесно сварливи ако ги излупите пред подготовката. Најлесен начин да го направите ова е да зовриете вода во тенџере и да ги натопите доматите. По пет секунди (не подолго, за да не зовријат доматите), пренесете го сад со колку што е можно поладна вода.
Откако доматите ќе се оладат, исечете ја лушпата околу неговиот центар со нож. Горната и долната половина на лушпата ќе можете да ги одделите со едно движење. Истото можете да го направите и со праските.
Проверка на тесто
Тестото е многу важно за совршена пица. Ќе знаете дали добро го замесивте тестото за пица ако одвоите парчето од кое ќе направите топче и ќе го истегнете со вртење во сите насоки, додека средината не стане тенка како хартијата без дупки и грутки. Ако ова не успее, тестото треба да се меси уште неколку минути.
Погледнете ги и овие 10 кујнски трикови што ќе ви го олеснат животот.