Претходно
Сладолед се јаде во секое време: Лесен рецепт за сладолед со кафе
Можеби не е сезоната на сладоледот, но сладолед се јаде во секое време, нели? Ако сакате да приготвите еден поразличен сладолед дома, погледнете го овој лесен и вкусен рецепт. Особено, ќе го обожаваат љубителите на кафето!
Потребни состојки:
- 250 милилитри инстанткафе
- 500 милилитри кефир или 250 милилитри грчки јогурт + 250 милилитри млеко
- 170 г кафеав шеќер
- 1/4 лажиче течна стевија
- половина лажична мелено кафе (по избор)
Начин на подготовка:
- Ставете ги сите состојки во еден сад и промешајте ги.
- Замрзнете, а пред да го јадете можете да го украсите со мелено кафе или по избор.
Можеби ќе сакате да го пробате и овој рецепт за пире од костени оваа есен.