7 факти за една убава европска земја која до пред 30 години не емитуваше ТВ-програми во четврток

7 факти за една убава европска земја која до пред 30 години не емитуваше ТВ-програми во четврток

Се нарекува земја на оган и мраз, има толку гејзери колку што сака твоето срце, таму главен град е Рејкјавик – сите ние добро знаеме. Сепак, овие 7 работи се помалку познати, а не е лошо да дознаете и нешто поинтересно за таа земја. Добредојдовте во Исланд!

7 факти за една убава европска земја која до пред 30 години не емитуваше ТВ-програми во четврток

Нема телевизија во четврток

До 1987 година, телевизиската компанија не емитуваше ТВ-програми во четврток, па Исланѓаните родени пред таа година често се шегуваа дека веројатно биле зачнати – во четврток. Четвртокот се сметал за ден за дружење и одржување на врските со луѓе.

„Kattarshians“

Изгледа дека се креативни луѓе, па така направиле едно поинакво реално шоу каде се следат животот и однесувањето на мачките во куќата.

Цртеж наместо адреса

Не знаете нечија адреса и сакате да испратите писмо? Писмото веројатно ќе пристигне до својата дестинација, но мора да имате цртеж. Ова се однесува на приградските делови на земјата затоа што куќите таму често се наоѓаат многу, многу далеку.

7 факти за една убава европска земја која до пред 30 години не емитуваше ТВ-програми во четврток

Поларната светлина

Верувале или не, Исланѓаните можат да уживаат во поларната светлина скоро осум месеци од годината.

Последниот чизбургер

Верувале или не, Мекдоналдс не постои во земјата од 2009 година. Но, не грижете се, последниот, заедно со помфрит, е зачуван и може да се види во живо.

Бебиња на свеж воздух

Исто како Данците, Исланѓаните ги оставаат своите бебиња пред кафулињата или рестораните, на чист воздух. Сосема е нормално родителите да влегуваат во кафулињата со пријателите, и за тоа време да го остават детето надвор – на чист воздух. Никој не ни помислува на ништо негативно и можеме да кажеме дека киднапирањата се непознат израз овде.

Најсеверната точка на светот

Главниот град Рејкјавик е најсеверната точка на целиот свет. И покрај тоа, не е толку ладно како што можеше да се очекува, температурите не се сибирски, но просечната температура во јануари е еднаква на просечната во Њујорк.

Можеби ќе ве интересираат и овие 7 факти што не сте ги знаеле за земјата на лалињата и ветерниците.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар