Ретро фризура за секој ден што ја носат познатите личности
Оваа ретро фризура ја носеа сестрите Кардашијан, Џенифер Лопез и многу познати дами. Дали е време да ја пробате и вие?
View this post on Instagram
Можеби сте забележале дека фризурата што одбележа дел од осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век полека „се прикрадува“ меѓу трендовите. Имено, лоб фризурата е подигната на друго ниво и доби освежување благодарение на свитканите краеви на косата.
Оваа фризура, која всушност е инспирирана од начинот на кој ја носеле косата младите девојки во 60-тите, е вистинско изненадување, пред сè, затоа што е наменета за коса со средна должина, која достигнува до рамената и е уредно распоредена, а потоа затоа што се појавува во ерата на „неуредна“ коса и опуштен, лежерен изглед.
Оваа ретро фризура се прави така што косата е права од коренот до средината, а еден центиметар или два пред врвовите, таа е свиткана нанадвор.
Овој изглед не е наменет само за гламурозни пригоди, туку може да ја носите оваа фризура секој ден.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Погледнете ги овие 5 комбинации што можете да ги купите сега и да ги носите со години.