Холандија е мала европска земја која најчесто е поврзана со лалиња, ветерници и одлични фудбалери, а според приказните е прилично пријатно место за живеење.
rn
1. Нема кучиња скитници
rnКога го читаме ова, веднаш помислуваме колку би било убаво нашите четириножни пријатели да уживаат во овој статус во секоја земја. Животните, а особено кучињата се високо заштитени во Холандија, па затоа може да завршите зад решетки за злоупотреба.rn
2. Куќи на граница
rnНа еден дел на границата со Белгија, границата буквално е одделена само со неколку куќи и згради, така што практично може да се пофалите дека живеете во две земји истовремено.rn
3. Портрети во бањата
rnМожеби звучи чудно, но Холанѓаните често чуваат портрети и фотографии од своите најблиски во бањата.rn
4. Удобност на прво место
rnИако ние често ги поврзуваме Холандија и Амстердам со диви и луди забави, тука е многу важно сите да се чувствуваат удобно. На пример, многу кафулиња и супермаркети во Холандија работат до 18 часот.rn
5. Малку поинаква брза храна
rnИ додека виршлите, хамбургерите и сличните производи ги има низ целиот свет, во Холандија тие не се никаде толку популарни како компирите, кои се прават тука на 100 начини. Една од омилените комбинации на Холанѓаните се компири со кромид, што може да се најде во многу ресторани за брза храна.rn
6. Завесите практично не постојат
rnТрадицијата да не се ставаат завеси на прозорците датира од средниот век, кога секој Холанѓанец сакаше да му покаже на соседот дека нема што да крие.rn
7. Арката на Ное
rnЦелата историја на Холандија се заснова на постојаната борба со зголемувањето на нивото и поплавите, но, сепак, нема потреба од паника. Еден богат жител на земјата изгради вистинска права репликар Арката на Ное и можете да ја видите во близина на градот Дордрехт.
Прочитајте зошто децата во Холандија се посреќни од останатите деца во Европа?

