Нов нордиски тренд „фрилуфтслив“ - живеење со природата и во нејзина близина

Нов нордиски тренд „фрилуфтслив“ – живеење со природата и во нејзина близина

Дали ви е тешко да се справите со пократките денови, со дождот, со мракот и со студот? Нордиските народи се вистински експерти за тоа и тие имаат одговор за подобро расположение: нов тренд што промовира живеење во хармонија со природата и ви ја враќа рамнотежата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karina Overskaug 🇳🇴 (@karinaoverskaug) on

Како да се подготвите за студените и мрачните денови? Скандинавскиот, поточно данскиот одговор на тоа досега беше „хиги“ – начин на живот фокусиран на удобност за што ви се неопходни топли ќебиња, топол чај и удобни влечки. Оваа година, со пандемијата на коронавирусот што продолжува да влијае на секојдневниот живот, вашиот дом може да бидат „хиги“, но вашето дружење дефинитивно не треба да биде. Одложете ги собирите за некои подобри времиња.

Сепак, народите од Северна Европа имаат одговор и на овој современ предизвик и тој се сведува на „фрилуфтслив“, што буквално значи „живот на отворено“ и тоа е концепт што е дел од норвешката култура. На Инстаграм можете да најдете речиси милион објави означени со #friluftsliv, полни со шуми, со прекрасни предели и луѓе кои пешачат, со кајакарство, со кампување или со друг начин на истражување на надворешниот простор.

Идејата на „фрилуфтслив“ е да бидете на свеж воздух за да се поврзете со природата, дури и кога надвор не е сончево. Тоа е добар концепт што треба да го прифатите во моментов бидејќи деновите стануваат постудени и пократки, но опциите за активности остануваат исти. Докажано е дека поминувањето неколку часа на отворено го намалува нивото на стрес и го зајакнува вашето физичко и ментално здравје.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Silje Brokke (@siljebrokke) on

Ако се двоумите помеѓу прошетка или уште еден час пред екранот, прошетката на е подобар избор за вашето ментално здравје, дури и ако времето не е идеално. Прочитајте како практично да го примените и да го прифатите „фрилутслив“:

1. Барајте убавина

Срцето на „фрилуфтслив“ е единството со природата, па затоа треба да одвоите време навистина да уживате во вашата околина. Уживајте во светлите бои на есенските лисја, побарајте птици или други суштества и едноставно вдишете длабоко.

2. Направете го вашето надворешно подрачје поудобно

Кој вели дека „ фрилуфтслив“ и „хиги“ не можат да коегзистираат? Удобните ќебиња, перниците и огнот можат да ви помогнат во борбата против студот и да ви овозможат да поминувате уште повеќе време на отворено.

3. Слој повеќе

Клучот за удобноста кога прифаќате живот на свеж воздух е облекувањето во слоеви за да можете да додавате или да отстранувате парчиња облека како што се менува времето.

4. Спакувајте ручек (или вечера)

Можете да јадете на отворено цела година. Но, за да уживате во „фрилуфтслив“ во текот на зимските месеци, спакувајте термос со топла храна што ќе ви помогне да се затоплите кога сте надвор.

5. Одете на лов

Ако имате мали деца, претворете го времето на отворено во игра со организирање лов. Децата можат да бараат предмети со различна боја, различни видови семиња или лисја и предмети што им се потребни за да изградат куќарка.

6. Организирајте игри на отворено

Активностите што можат да ги придвижат луѓето, без разлика дали се работи за бадминтон, за борба со снежни топки или за штафетна трка, можат да помогнат во циркулацијата на крвта и во борбата против студот. Само придржувајте се до спорт каде што социјалното растојание може лесно да се одржува.

7. Пробајте нешто ново

Сега е време да истражите нови забавни активности на отворено за да додадете малку повеќе возбуда во вашиот живот. Обидете се со скијање, со скулптури од снег или од песок или насликајте прекрасен пејзаж.

Погледнете ги овие 20 фотографии што сведочат за волјата за живот на мајката природа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар