7 работи за најголемиот трговски центар во Европа што сигурно не ги знаевте
Најголемиот трговски центар во Европа се наоѓа во Истанбул. Cevahir Istanbul ги отвори вратите на 15 октомври 2005 година. Еве неколку интересни факти кои сигурно не сте ги знаеле.
1.Тој е изграден на 62.475 квадратни метри земјиште во населбата Бујукдере во областа Шисли во европскиот дел на Истанбул.
2. Центарот има 420 000 квадратни метри, од кои 110 000 квадратни метри се резервирани за продавници, ресторани и барови.
3. Има 6 ката и 343 продавници, 34 места за брза храна и 14 ексклузивни ресторани.
4. Центарот вклучува и огромна сцена за концерти и други настани, 12 кина и мал забавен парк.
5. Во овој центар се наоѓа вториот по големина часовник во светот сместен на стаклен покрив. Броевите на часовникот се големи околу три метри.
6. Паркингот за клиенти во центарот е распореден на четири ката, зафаќа 71.000 квадратни метри и може да прими 2.500 автомобили одеднаш.
7. Се проценува дека во изградбата на центарот се инвестирани околу 250 милиони долари.
Прочитајте што можете да купите за 50 денари низ светот?