Италијанска кајгана: Идеален избор за вечера
Оваа кајгана на медитерански начин ќе ги освои сите ваши сетила.
Потребни состојки:
- 1 лажица маслиново масло
- пулпа од домати (количина по вкус)
- прстофат кафеав шеќер
- 4 јајца
- јогурт
- 2 чешниња сечкан лук
- зачини по желба
- малку магдонос
- половина главица ситно сечкан кромид
- сечкана црвена пиперка
- лути пиперчиња
Начин на подготовка:
Загрејте го маслото во тава за пржење. Измешајте ги кромидот, црвената пиперка и лутите пиперчиња. Гответе додека зеленчукот не омекне. Додајте ги пулпата од домати и кафеавиот шеќер и мешајте постојано. Гответе додека не испари течноста.
Со дрвена лажица направете четири дупки во подготвената смеса и скршете ги јајцата во нив. Покријте ја тавата и пржете ги јајцата на тивок оган.
Измешајте го јогуртот со лукот и со зачините. Посипете со магдонос и сервирајте од тавата, заедно со гарнир од јогурт и лук, украсено со лути пиперчиња.
Погледнете како да направите италијанска погача.