КАФЕ ПАУЗА

6 неверојатни начини на кои љубовта го трансформира вашиот мозок

6 неверојатни начини на кои љубовта го трансформира вашиот мозок

Кога ќе се заљубите, честопати помислувате на влијанието што го има љубовта врз срцето и душата. Но, има уште еден орган врз кој љубовната врска има силно влијание – вашиот мозок. Кога сте во врска, некои делови од вашиот мозок се активираат, а некои се исклучуваат. Прочитајте како љубовта го менува начинот на размислување и како мозокот се справува со вашата романса.rnrn6 неверојатни начини на кои љубовта го трансформира вашиот мозокrn

1. Се чувствувате зависни

rnДали некогаш сте слушнале дека љубовта е дрога? Па, можеби има одредена вистина во тоа. Интензивните страсни чувства активираат дел од мозокот што се активира кога лицето зема дрога, па затоа се чувствувате еуфорично и имате желба за уште повеќе. Љубовта можеби е многу поздрава зависност, но сепак сте зависник.rn

2. Почнувате да размислувате во множина

rnВеќе нема само „јас“. Сега треба да мислите за двајца, а вашиот мозок автоматски ќе ги прифати промените.rnrnЕдно неодамнешно истражување откри дека користењето заменки во прво лице еднина почесто се поврзува со депресијата отколку ако велите „ние“ и „нас“. Тоа е уште доказ дека здравите врски се бесценети.rn

3. Сакате повеќе и станувате помудри

rnЗаљубувањето е добро за вашето срце, но и за вашето ментално здравје. Заљубените личности имаат повисоко ниво на допамин, што е поврзано со задоволството, со страста и со еуфоријата. Истражувањата покажуваат дека луѓето што имаат здрави односи живеат подолго и тие се посреќни, помудри и имаат подобро ментално здравје.rn

4. Ги поддржувате другите повеќе

rnЕдна од најголемите придобивки од заљубувањето и од врската е тоа што ќе научите како е да се потпрете и да го поддржувате партнерот. Градењето доверба во врската е клучно, а вашиот мозок ви помага во тоа.rnrnИстражувањата откриваат дека кога ќе се заљубите, се исклучува фронталниот кортекс – областа од мозокот што е одговорна за проценка. Кога сте заљубени, помалку е веројатно да бидете критички настроени или скептични кон личноста за која се грижите.rn

5. Се ослободувате од стресот

rnВашиот мозок никогаш нема да заборави како се чувствувавте при првиот допир со личноста во која сте заљубени. Ако сте во здрава врска, доволно е да го држите партнерот за рака за да се опуштите, да го намалите крвниот притисок, да ја олесните физичката болка и да го подобрите вашето здравје. Здравата љубовна врска ги менува функциите на мозокот.rn

6. Се чувствувате безбедно

rnСлично како првата поврзаност што бебето ја има со својата мајка, такво чувство на сигурност ќе се појави и во вашата врска. Како што стареете и се менувате, вашето тело се сеќава на мозочните циклуси и фази што сте ги поминале во младоста и ќе ве потсети на чувството на сигурност.rnrnИстражувањата покажуваат дека кога сте заљубени, се исклучува делот од вашиот мозок што ги контролира стравот и негативните емоции.rnrnПрочитајте колку време е потребно за да почнете да правите различни работи пред партнерот.