Претходно
Чизкејк мафини со тиква
Кога имате желба за чизкејк, ви гарантираме дека овие вкусни чизкејк мафини ќе ве задоволат. Секој има само 140 калории и обезбедува 5 грама протеини!
Потребни состојки:
За кората:
- 10 бисквити (мелени)
- 2 до 3 лажици стопен путер
За полнежот:
- 250 г крем сирење
- 250 г рикота сирење
- 350 г кафеав шеќер
- 250 г пире од тиква
- 1 јајце
- 1 лажичка екстракт од ванила
- ½ лажичка мелен цимет
- ⅛ лажичка морско оревче
- ¼ лажичка сол
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 325 степени. Спремете го калапот за мафини.
- За да ја направите кората бисквитите треба да ги сомлете, а потоа да ги измешате со стопениот путер. Рамномерно распределете ја смесата во калапите за мафини и печете ги за 8 минути. Потоа оставете да се изладат.
- Потоа останатите состојки додадете ги во еден сад и мешајте ги со лажица или користете блендер.
- Додадете од смесата во калапот за мафини и печете од 40 до 45 минути.
- Оставете во фрижидер најмалку 2 часа.
- Украсете со цимет, семки од тиква или по избор.
Погледнете го и овој рецепт за колачиња со тиква.