Фенг шуи совети за љубов и среќа во бракот

Фенг шуи совети за љубов и среќа во бракот

Љубовта, врските и бракот се поврзани со југозападната багуа област во вашиот дом. Се препорачува во оваа област да имате барем некои елементи од фенг шуи кои ќе ви доносат позитивна енергија вам и на вашиот партнер. Фенг шуи елементот во југозападната багуа област е земја, така што елементите што треба да ги внесете треба да бидат земјени или огнени елементи. Активирањето на југозападната област ја зајакнува улогата на жената во домот и обезбедува хармонија во бракот. Погледнете на што треба да внимавате ако сакате вашиот брак да биде исполнет со љубов и среќа.

Фенг шуи совети за љубов и среќа во бракот

Уметнички дела

Фенг шуи совети за љубов и среќа во бракот

Еден од најлесните начини да го активирате овој дел од вашиот дом е да додадете некои значајни уметнички дела што ја отсликуваат земјата, што покажуваат љубов помеѓу две личности или парови животни. Пожелни бои во оваа област се темноцрвената, виолетовата и портокаловата.

Осветлување

Фенг шуи совети за љубов и среќа во бракот

Како што огнот го осветлува простор, осветлувањето на некој начин претставува оган, односно буди пламен кај луѓето. Осветлувањето е хармоничен начин за ширење позитивна енергија. Големината на ламбата не е многу важна, но важно е нејзиниот дизајн хармонично да се вклопи во просторот во кој се наоѓа. Ако спалната соба се наоѓа на југозапад, важно е да ги осветлите двете страни на креветот.

Украси во пар

Фенг шуи совети за љубов и среќа во бракот

За да го направите вашето љубовно гнездо активно, украсете го со предмети во пар. Предметите треба да бидат огнени или земјени. Тоа може да бидат високи свеќи, украсни предмети во огнени бои, како и фигури во форма на квадрат. Она што треба да го избегнувате е метал, вода и дрво во југозападната област.

Бои на ѕидот

Фенг шуи совети за љубов и среќа во бракот

Ѕидовите во југозападната област треба да бидат обоени со земјени или огнени нијанси, како црвена, виолетова, жолта, корална или портокалова. Исто така, би било добро на ѕидот да има отвор или некоја уметност што покажува длабочина или визуелни патеки.

Прочитајте ги овие фенг шуи лекции за вечна љубов.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар