Нетолеранцијата на млеко и на млечни производи стана речиси секојдневна појава. Сè повеќе луѓе се соочуваат со овој проблем што бара алтернативен начин на исхрана, особено затоа што млекото се смета за основен извор на калциум. Бидејќи калциумот е важен за здрави и цврсти коски, потребно е да се најде друг начин за внесување на овој минерал во организмот. Погледнете го овој список на намирници кои содржат повеќе калциум од млекото.rnrn
rn
Семиња
rnЕдна лажица чија семе содржи околу 177 мг калциум. Три лажици дневно ви се доволни затоа што содржат повеќе калциум од една чаша млеко. Исто така, калциум содржат и лененото семе, семето од сусам и семето од афион. Овие семиња можете да ги додадете во омилените салати или вашето смуди.rn
Сардини
rnОвој вид риба е еден од најдобрите извори на калциум. Иако голем број луѓе не сакаат да јадат сардина, ако ја измешате со домати, краставици, сирење и маслинки, може да биде одличен оброк.rn
Бадеми
rnОд сите јаткасти плодови, бадемите се најбогати со калциум. Еден грст бадеми содржи дури 3 грама влакна, што е сосема доволно за дневно внесување во организмот. Бадемите се сметаат за супер-храна бидејќи се полни со протеини и разни витамини.rn
Темнозелен зеленчук
rnКолку е позелен зеленчукот, толку повеќе има калциум. Спанаќот, кељот и брокулата се на самиот врв на растенија богати со калциум.rn
Грав
rnГравот е познат по големата количина на протеини и влакна што ги содржи, но исто така е добар извор на калциум. Исто така, боранијата и сојата содржат многу калциум. Гравот е многу хранлив и може да помогне во намалување на холестеролот.rn
Портокали
rnЕдна чаша свежо исцеден сок од портокал ви обезбедува приближно 72 мг калциум. Покрај тоа, она што сигурно го знаете е дека портокалите се богати со витамин Ц, што му помага на телото да го апсорбира калциумот.rn
Киноа
rnЕдна чаша киноа ќе ви обезбеди околу 100 мг калциум. Покрај тоа, тој е богат со калиум и цинк, кои се важни за здравјето на луѓето. Киноата е здрава алтернатива на оризот и може да се сервира топла како прилог или ладна во салати.rnrnПрочитајте кои 6 намирници најдобро го чистат дебелото црево.