Најстариот европски граѓанин, Белгиецот Јан Гоосенартс го прослави својот 111 роденден. За дневниот весник „Gazet Van Antwerpen“ тој ја откри својата тајна за долг живот.
Поранешниот земјоделец живее во регионот Антверпен кој се наоѓа во северниот дел на Белгија, а роден е на 30 октомври 1900 година. Тој за весникот не сакал да даде интервју, бидејќи за 110 роденден веќе кажал сè што имал. Тој е еден од малкуте членови на клубот на луѓе постари од 110 години. Нив ги има само 82 низ светот, а од нив дури 77 се жени.rnrnТајната за долг живот според него е раното легнување на спиење и внесување на повеќе од традиционалниот белгиски сируп Лиеж. Традиционалниот белгиски сируп е многу благ и е направен од крушки и кисели јаболка.rnrnЈан е третиот најстар маж во светот, после Јапонецот Jiroemona Kimuere кој има 114 години и Jamesa Sisnetta од Барбадос кој има 111 години. Најстара жена на светот е американката Besse Cooper која има 115 години.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Најстариот жител на Европа ја открива тајната за долг живот
