30 совети од непалските мудреци: Понекогаш тишината е најдобриот одговор!

30 совети од непалските мудреци: Понекогаш тишината е најдобриот одговор!

Непалските мудреци отсекогаш имале што да кажат, па затоа ние решивме да ги споделиме со вас, некои од нивните најдобри совети кои се надеваме дека ќе ги примените во вашето секојдневие.

30 совети од непалските мудреци: Понекогаш тишината е најдобриот одговор!

1. Зборувајте бавно, а размислувајте брзо.

2. Не судете ги луѓето според нивните роднини.

3. Кога ќе речете: „Те сакам“, секогаш кажувајте ја вистината.

4. Кога ќе речете: „Жал ми е“, гледајте го лицето во очи.

5. Никогаш не смејте се на туѓите соништа.

6. Дајте им на луѓето повеќе отколку што очекуваат од вас и направете го тоа со радост.

7. Секогаш имајте ја во предвид вашата омилена песна.

8. Не верувајте во сè што слушате, не трошете сè што имате, спијте додека не се наспиете доволно.

9. Големата љубов и големите достигнувања секогаш бараат голем ризик.

10. Кога нема да успеете, обидете се да научите нешто од тоа, да имате барем некаква корист.

11. Почитувајте се, почитувајте ги другите, бидете одговорни за своите постапки.

12. Не дозволувајте мали расправии да уништат големо пријателство.

13. Кога ќе сфатите дека сте направиле грешка, не кријте ја на кој било начин, туку направете што можете за да ја поправите таа грешка брзо.

14. Поминувајте некое време сами секој ден.

15. Бидете отворени за размена, но не дозволувајте вашите скапоцености да излезат од контрола.

16. Понекогаш тишината е најдобриот одговор.

17. Читајте повеќе книги.

18. Верувајте во Бога, но секогаш заклучувајте ја куќата.

19. Кога се расправате со најблиските не сеќавајте се на на минатото.

20. Читајте меѓу редови.

21. Споделете го вашето знаење со децата. Денес, ова е единствениот познат начин да се постигне бесмртност.

22. Бидете нежни со земјата. Не фрлајте ѓубре.

23. Никогаш не прекинувајте некое лице додека ви ласка.

24. Не мешајте се во туѓите работи, не давајте празни совети.

25. Не верувајте на оние кои ве сакаат со отворени очи.

26. Еднаш годишно, одете таму каде што не сте биле.

27. Ако заработите многу пари, искористете некој денар за да им помогнете на другите.

28. Запомнете, понекогаш можете да го добиете она што го сакате.

29. Измерете го вашиот успех со она што моравте да го жртвувате за да го постигнете.

30. Вашето „Јас“ е крајната точка на вашето патување.

Прочитајте ги и овие 11 совети што ќе ви заштедат време и нерви.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар