КАФЕ ПАУЗА

10 земји каде што домаќините најмногу се грижат за чистотата на сместувањето и за здравјето на туристите

10 земји каде што домаќините најмногу се грижат за чистотата на сместувањето и за здравјето на туристите

Денес, чистотата им е поважна на гостите од кога и да било порано, па „Airbnb“ бара домаќините да се придржуваат до посебните мерки за хигиена. Домаќините чие сместување ги исполнува потребните услови, во своите реклами имаат посебна ознака за исклучителна чистота за да можат гостите да се чувствуваат побезбедно.rnrn10 земји каде што домаќините најмногу се грижат за чистотата на сместувањето и за здравјето на туриститеrnrnОд мај, повеќе од еден милион домаќини ширум светот добија етикета за исклучителна чистота. Земјите со најчисто сместување се САД, Франција и Велика Британија. По нив следуваат Шпанија, Италија, Мексико, Бразил, Австралија, Канада и Грција.rnrnСкалата за чистота е создадена според повеќе фактори, па резултатот не зависи само од коментарите на гостите и од најубавите оценки, туку и од тоа колку домаќините се обиделе да научат какви мерки треба да преземат за заштита од коронавирусот и дали ги примениле во практика.rnrnВо упатството за ефикасно чистење, „Airbnb“ наведува совети како перење на постелнината на максимално дозволена температура, миење на сите садови во кујната, како и темелно чистење на теписите, на завесите и на креветите.rnrnПогледнете го овој град од соништата во Северна Африка.