Ако имате мрзливи црева, јадете ја оваа храна поретко

Ако имате мрзливи црева, јадете ја оваа храна поретко

Дали знаевте дека јајцата можат да го забават варењето на храната, па дури и кафето за кое се смета дека помага при варењето? Еве што друго може да ја забави работата на дебелото црево.

Ако имате мрзливи црева, јадете ја оваа храна поретко

1. Млеко и млечни производи

Ако често имате запек, можеби јадете голема количина сирење и пиете многу млеко. Не треба да се откажувате од млечните производи, но бирајте ги оние со помалку масленост и јогурт со пробиотици, живи бактерии кои им помагаат на цревата да работат подобро.

2. Брза и преработена храна

Брзата храна никогаш не е добар избор и најмалку е добро за оние чии црева навистина не работат „со полна пареа“. Брзата храна и преработената храна претежно нема влакна, кои ни се потребни за да ја стимулираме работата на цревата.

3. Јајца и месо

Тие се богати со протеини, но малку растителни влакна. Не треба да ги отстранувате од менито, само дополнете ги со растителни влакна. Омлетот нека биде со свеж спанаќ и домати. Црвеното месо е исто така богато со протеини, но со месо секогаш јадете двојно повеќе зеленчук.

4. Колачи

Слатките и колачите, ако веќе ги јадете, јадете ги повремено, не редовно. Богати се со рафиниран шеќер, масти и немаат растителни влакна. Изгаснете ја желбата за слатки со боровинки или друго овошје со јогурт и цревата ќе ви се заблагодарат.

5. Бел леб

Премногу бел леб кој исто така не содржи многу растителни влакна, ќе ја направи столицата тврда и сува. Подобар избор е леб од цели зрна и леб од интегрално брашно.

6. Кофеин и алкохол

Кафето и алкохолот доведуваат до дехидрираност, па доколку не пиете доволно вода, тоа ќе доведе до потешки движења на дебелото црево. Пречестото консумирање кафе, исто така, доведува до слаба апсорпција на хранливите материи. Чајот има сличен ефект врз варењето, иако содржи повеќе теин. Алкохолот, пак, ги уништува добрите бактерии во цревата.

Прочитајте и со кои 8 здрави намирници не треба да претерувате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар