КАФЕ ПАУЗА

Млечни производи што можете да ги замрзнете за да заштедите време и пари

mlechni-proizvodi-shto-mozhete-da-gi-zamrznete-za-da-zashtedite-vreme-i-pari

Живееме во време кога храната ни е достапна во изобилство во текот на целата година и на секој чекор, па сигурно некогаш сте се запрашале дали навистина ви е потребен замрзнувач.rnrnmlechni-proizvodi-shto-mozhete-da-gi-zamrznete-za-da-zashtedite-vreme-i-parirn

Зошто е пожелно замрзнувањето на храната?

rnЗаштедува време – замрзнувањето на храната што веќе е подготвена ви дава можност да имате приготвен оброк во моментите кога немате време да подготвувате храна.rnrnЗаштедува пари – замрзнувањето храна е опција за поголема количина храна што сте ја купиле, по веројатно пониска цена од вообичаената и немате намера да ја користите веднаш за подготвување оброци.rnrnЈа одржува свежината на храната – наместо да го фрлите расипаниот ручек што никој не сакаше да го јаде од фрижидерот, опцијата за замрзнување ви дава можност да го извадите по две или три недели и да го ставите на масата.rnrnЗдраво е – замрзнатата храна може безбедно да ја чувате во замрзнувачот до 6 месеци. Исто така, секогаш ќе имате свежа храна при рака.rn

Намирници што можете да ги замрзнувате:

rnПутер – оваа намирница не ја менува својата текстура откако ќе ја замрзнете. Ако имате можност да купите поголема количина путер по добра цена, искористете го тоа затоа што можете безбедно да го чувате путерот во вашиот замрзнувач до следната употреба.rnrnМлеко – иако млекото има тенденција да се раздели по замрзнувањето, доволно е да го протресете откако ќе се стопи и е сосема погодно за употреба, особено при подготовка на јадења.rnrnПавлака – конзистентноста на павлаката малку се менува откако ќе ја замрзнете, но е сосема добра за употреба при подготовка на храна. Исто така, погодна е и за подготовка на торти и колачи.rnrnКрем сирење – крем сирењето малку го менува својот изглед кога е замрзнато. Ако планирате да го намачкате на печива, нема да изгледа многу убаво, но неговиот вкус не се менува. Од друга страна, тоа е совршено за печење и за готвење.rnrnЈогурт – ако имате поголема количина јогурт и сте загрижени за рокот на траење, слободно ставете го во замрзнувач и ќе биде совршен за употреба дури и по вадењето, но задолжително протресете.rnrnПрочитајте кои 11 намирници може да траат со години ако ги чувате правилно.