Рецепт за торта со јаболко, урми и еспресо

Рецепт за торта со јаболко, урми и еспресо

Тортите со кафе и ореви беа тренд во 2019, но оваа година зошто да не пробаме нешто различно? Есента е близу, а оваа торта ќе биде одлична за престојните есенски денови.

Рецепт за торта со јаболко, урми и еспресо

Потребни состојки:

  • 275 г брашно
  • 2 лажички прашок за пециво
  • малку сол
  • 100 г кафеав шеќер
  • 50 милилитри ладно еспресо
  • 1 лажичка цимет во прав
  • 1 лажичка ѓумбир во прав
  • 150 г путер
  • 200 милилитри млеко
  • 2 јајца
  • 1 големо јаболко (излупено и исечкано на мали коцки)
  • 100 г сечкани урми

За подмачкување на плехот ви се потребни 25 г стопен путер и 1 лажица брашно.

За глазурата:

  • 50 милилитри еспресо
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • 1/2 лажичка цимет во прав

За украсување:

  • 50 г сечкани ореви

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 160 степени со вентилатор.
  2. Направете го кафето и оставете го настрана.
  3. Во голем сад и миксер мешајте го шеќерот со путерот.
  4. Додадете го брашното, прашокот за пециво, солта, циметот, ѓумбирот, млекото, јајцата и еспресото. Мешајте со миксерот додека не се соединат сите состојки.
  5. Ставете го исечканото јаболко и урмите во 1 лажица брашно и мешајте ги.
  6. Премачкајте ја внатрешноста на плехот со путерот и малку брашно.
  7. Истурете ја смесата во плехот и израмнете.
  8. Печете за 65 до 70 минути.
  9. Потоа оставете ја тортата да се олади.
  10. За глазурата измешајте ги еспресото, шеќерот и циметот. Намачкајте ја тортата како што сакате и украсете со ореви.

Пробајте го и овој рецепт за вкусен мока пудинг готов за 6 минути.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар