При анализата на модните ревии, многумина не обрнуваат внимание на шминката или на фризурата на моделите бидејќи тие се максимално фокусирани на облеката, на обувките и на модните додатоци. Фризурите презентирани на модните ревии се претежно практични и едноставни, токму онакви какви што се потребни за овој неизвесен период кога сите тежнеат кон лежерност.
Дизајнерката Тори Бурч за сезоната есен/зима предлага едноставни и романтични фризури кои одговараат на косата со сите должини и текстури и нивното стилизирање не може да биде полесно.
Потребно е само да малку да извртите два прамени од двете страни на главата, а потоа да ги поврезете на тилот со помош на еластична лента.
Друга практична фризура е онаа со предниот горен дел од косата зафрлен наназад и фиксиран на задниот дел од главата со помош на убава лента. Неуредна, природна, лежерна – не може да биде поедноставно.
Судејќи според она што можеше да се види на модните ревии на модните куќи „Диор“, „Гучи“ и „Адеам“, главните додатоци за коса за сезоната есен/зима ќе бидат марамите и лентите.
Марамите се многу ефикасни без разлика дали имате кратка или долга коса, а истото важи и за панделките што ќе изгледаат одлично на косата со сите должини и текстури.
Дизајнерот Брандом Максвел предлага елегантна фризура за која е потребно многу кратко време – ниско коњско опавче украсено со долга сатенска лента.
На ревиите на брендовите „Max Mara“ и „Tadashi Shoji“ имаше т.н. бебешки плетенки, односно класични фризури украсени со една мала плетенка.
Погледнете кои 4 фризури можe да ви предизвикаат главоболка.

