20 закони на подлоста: Секогаш ќе останете или без пари или без време
Животот би бил здодевен и неинтересен ако сè е како што треба. Сигурно веќе сте се увериле дека во животот не оди сè според планот. Судбината секогаш ви поставува нешто што ја расипува совршената слика за животот.
1. Ако има дури и најмала шанса да се случи некоја неволја, тогаш сигурно ќе се случи.
2. Соседниот ред секогаш се движи побрзо.
3. Сите големи откритија се случиле поради некоја грешка.
4. Кој може – учи, кој не може – учи друг. Кој не може да предава, учи како да предава.
5. Секоја наредба што може да биде погрешно разбрана е погрешно разбрана.
6. Ако ништо не успее, прочитајте го упатството.
7. Ако сте изгубиле нешто, побарајте го на најнелогичното место.
8. Не секогаш има доволно време да се заврши добра работа, но секогаш има време да се повтори.
9. Дајте му ја најтешката задача на мрзливиот работник, тој ќе најде полесен начин да ја реши таа задача.
10. Тимската работа е многу важна. Тоа ви овозможува секогаш да обвините некој друг.
11. Еден час откако ќе ги исечете ноктите, ќе сфатите дека ви се потребни нокти за нешто.
12. Секојпат кога ќе дојде момент да чукнете во дрво, ќе сфатите дека светот е направен од алуминиум и пластика.
13. Експерт е секое лице кое не е од нашиот град.
14. Искуството расте пропорционално со онеспособената опрема.
13. Лицето кое има точно еден час работа, секогаш знае колку е часот. Лицето кое има неколку часа да ја заврши работата – веќе не знае ништо.
14. Никогаш нема да успеете да направите само една работа.
15. Штом ќе фрлите нешто, ќе ви затреба!
16. Секогаш ќе останете или без пари или без време.
17. Најмногу водат полемики оние што се далеку од решение.
18. Ништо не се презема од разумни причини.
19. Оној што плаќа најмалку, се жали најмногу.
20. Што и да ви се случило, тоа веќе му се случило на некој друг од вашите познајници – само полошо.
Прочитајте кои 6 работи треба да ги знаете за кармата.