Ако некои луѓе прават да се чувствувате лошо, во ред е да ги отстраните од вашиот живот. Немојте да мислите дека сте себични ако одлучите да ги оставите зад себе токсичните луѓе кои имаат лошо влијание врз вас.rnrn
rn
1. Луѓе со кои имате заедничко минато, но не и сегашност
rnНе мора да ги чувате луѓето во вашиот живот едноставно затоа што ви биле важни кога сте биле помлади. Луѓето растат и се менуваат. Ако сте сосема поинакви сега, ако пораснавте, во ред е да се разделите. Тоа не значи дека ги мразите. Не значи дека сте заборавиле на убавите моменти што сте ги доживеале со нив. Тоа едноставно значи дека веќе не се вклопувате во нивниот живот или тие во вашиот. Но, секогаш можете повторно да се поврзете во иднина ако тоа се промени.rn
2. Луѓе кои прават да се чувствувате лошо
rnНа вашите пријатели и членови на семејството им е дозволено да ви кажат каде грешите и да бидат искрени со вас. Сепак, тие не треба постојано да се грижат за вашите недостатоци и да прават шеги на ваша сметка поради кои ќе се чувствувате лошо. Овие луѓе би требало да бидат вашата најголема поддршка. Тие би требало да веруваат во вас и да ве потсетуваат на вашата вредност. Ако само ги влошуваат сомнежите што ги имате за себе, тогаш веројатно е време да ги тргнете настрана од вашиот живот.rn
3. Луѓе со кои имате многу различни ставови за основните верувања
rnСпротивностите се привлекуваат и вие не треба да се дружите со вашите клонови. Важно е да бидете опкружени со различни видови луѓе. Меѓутоа, ако не се согласуваат со вас за некои важни политички прашања, како на пример дали одредени луѓе заслужуваат да имаат права, во ред е ако не можете да ги надминете разликите. Во ред е да се оддалечите од нив и да го изберете вашиот морал пред нивното пријателство.rn
4. Луѓе кои апсолутно одбиваат да признаат кога грешат
rnТешко е да разговарате со некој кој е премногу тврдоглав за да признае кога не е сигурен во тоа што го зборува. Уште потешко е да останете пријател со некој што одбива да се извини кога ќе згреши. Ако некој е премногу незрел да преземе одговорност за своите постапки или да има сериозен разговор со вас, во ред е да сакате да го оставите зад себе.rn
5. Луѓе кои постојано ги преминуваат границите
rnВашите пријатели и семејство се само луѓе. Тие сигурно ќе направат грешки. Ако ги избркате од вашиот живот првиот пат кога ќе згрешат, ќе бидете прилично осамени. Сепак, подобро е да бидете осамени отколку да бидете опкружени со луѓе кои не ги почитуваат вашите граници. Ако постојано ги преминуваат, дури и откако ќе им кажете колку ви пречи тоа, нема да згрешите ако ги напуштите. Всушност, токму тоа треба да го направите.rn
6. Луѓе кои веќе не ги сакате околу вас
rnНе мора да имате расправија со некого за да ја оправдате разделбата. Ако едноставно не уживате во нивното друштво, ако не се возбудувате кога ќе ги видите, ако немате интерес да продолжите со пријателството, тогаш ви е дозволено да се оддалечите. Дозволено ви е да правите сè што ве прави да се чувствувате најудобно.rnrnПрочитајте кои 20 токсични работи што сте ги научиле во детството треба да ги заборавите.