КАФЕ ПАУЗА

20 токсични работи што сте ги научиле во детството и што треба да ги заборавите

20 токсични работи што сте ги научиле во детството и што треба да ги заборавите

Во детството слушате многу совети од возрасните, но тоа не значи дека возрасните се секогаш во право. Кога вие ќе имате свои деца, ќе сакате да бидете многу повнимателни што ги учите.rnrn20 токсични работи што сте ги научиле во детството и што треба да ги заборавитеrn

1. Ако тој е груб кон вас, тоа значи дека ве сака

rnНа овој начин ги учите малите девојчиња да очекуваат насилно однесување од луѓе што ги сакаат.rn

2. Неуспехот е лош

rnНеуспехот не треба да се смета за пречка, туку чекор во процесот на учење. Бидејќи го сметаат неуспехот за пречка, многу деца го губат својот интерес кога не успеваат во нешто.rn

3. Нема презборување

rnМногу возрасни сметаат дека не смеете да го оспорувате она што тие го кажуваат, па младите не можат да прашаат нешто или да го кажат своето мислење.rn

4. Ако се жалите значи дека сте неблагодарни

rnКолку пати возрасните ви рекле да замолчите кога сте се жалеле за нешто и дека треба да бидете благодарни за тоа што го имате. Секако дека треба да бидете благодарни што имате покрив над главата, но тоа не значи дека сè е совршено и дека не треба да се трудите да ги подобрите работите.rn

5. „Не“ е лош збор

rn„Не“ е силен збор, но не и лош.rn

6. „Ако ја работите работата од соништата, нема да треба да работите ниту еден ден во животот.“

rnНе верувајте ѝ многу на оваа изјава.rn

7. Лошо е да погрешите

rnПоради тоа, многу луѓе не го менуваат своето мислење, само за да не бидат погрешно сфатени.rn

8. Игнорирајте ги насилниците и тие ќе ве остават на мира

rnКога ќе го сторите тоа, веројатно ќе се случи една од двете работи: или ќе ве малтретираат уште повеќе или ќе почнат да малтретираат некој друг.rnrnАко им се спротивставите на насилниците, тие се повлекуваат. Колку порано во животот ќе им покажете каде им е местото, толку е помала веројатноста дека така ќе се однесуваат цел живот.rn

9. Возрасните се секогаш во право

rnСите грешат, но можете да се подобрите ако ги признаете грешките и ако се трудите да ги поправите. На тој начин стекнувате доверба и почит. Никој не им верува и не ги почитува луѓето што лажат и што не се доволно силни за да пораснат.rn

10. Момчињата секогаш треба да бидат силни

rnДа бидете силни значи да можете да се соочите со вашите чувства и да ги прифатите искрено.rn

11. Менталното здравје не е важно

rnМенталното здравје е многу важно и треба да биде приоритет во воспитувањето на децата.rn

12. Не смеете да прекажувате и да кодошите

rnКолку деца се злоупотребени или малтретирани и нема да го кажат тоа само заради тоа што научиле дека не треба да ги обвинат другите?rn

13. Малтретирањето се должи на несигурност, скриени чувства итн.

rnСекако, и тоа може да биде причина за насилното однесување. Но, без оглед на причината, малтретирањето не е здраво однесување. Жртвата не е должна да ви дозволи да ја малтретирате, без разлика каква е причината за тоа.rn

14. Сите се победници

rnГубењето и разочарувањето се дел од животот и тие се составен дел од вашиот раст и развој. Децата треба да научат како да изгубат пред да почнат да победуваат.rn

15. Момчињата не плачат

rnДозволете им на момчињата да плачат кога чувствуваат потреба за тоа.rn

16. Треба да изедете сè што има во чинијата

rnТреба да јадете додека не почувствувате ситост, а не да ја испразните целата чинија.rn

17. Љубовта доаѓа во форма на материјално поседување

rnЛуѓето ја искажуваат љубовта на различни начини, а вие треба да поставите ваши граници што не треба да дозволувате другите да ги преминат.rn

18. Училишните оценки ја утврдуваат вашата вредност

rn

19. Почитувајте ги постарите

rnПочитта треба да биде заслужена, не да се очекува.rn

20. Ако ја направите вистинска работа, може да ги натерате другите луѓе да ве мразат

rnБидете подготвени за тоа.rnrnПрочитајте како зрелите жени се справуваат со токсичните луѓе.