Активното вежбање заслужува активен одмор. Можеби ви се чини дека одморот на креветот по напорниот тренинг е најдобриот вид одмор што можете да им го дадете на вашите мускули. Но, фитнес-експертите тврдат дека е многу подобро ако продолжите да се движите и да применувате т.н. активно закрепнување. Секоја вежба со помал интензитет што можете да ја направите додека вашите мускули се сè уште загреани, а не бара вложување голем напор, се смета за активно закрепнување. Ако применувате активно закрепнување, помали се шансите да се соочите со воспаление на мускулите. Треба да применувате активно закрепнување, на пример, во среда и недела, ако вашиот тренинг вклучува интензивно вежбање во сите други денови од неделата. Постојат многу можности за активно закрепнување, а во продолжение погледнете неколку од нив.rn
1. Истегнување
rn
rnrnАко го изберете истегнувањето како форма на активно закрепнување, сте избрале да работите на флексибилноста на мускулите. Истегнувањето е одличен начин да се ослободите од болката и од вкочанетоста. Тоа ќе ви помогне да го зголемите опсегот на вашите движења и да избегнете можни незгоди за време на вежбањето. Исто така, истегнувањето го опушта телото и го подобрува вашето држење на телото.rn
2. Јога
rn
rnrnАко сакате да почувствувате наплив на адреналин и крв од глава до пети, без да го преоптоварувате вашиот систем, изберете јога како форма на активно закрепнување. Јогата ќе ве релаксира и ќе ве стимулира, а во исто време ќе ви овозможи да се ослободите од стресот и од напнатоста што се насобрале во мускулите по телото.rn
3. Пилатес
rn
rnrnПилатесот е одличен начин за активно закрепнување од напорното вежбање. Тој е малку поинтензивен од јогата затоа што вклучува вежби со малку посилно темпо, но е пријатен и корисен. По само еден ден пилатес, ќе почувствувате дека вашето срце чука рамномерно и многу полесно ќе ги правите вежбите што порано ви претставувале проблем.rn
4. Прошетка
rn
rnrnДолгата пријатна прошетка на отворено и дишењето свеж воздух е најлесната, но не и помалку ефикасна форма на активно закрепнување. Пешачењето е исто така една од најпосакуваните кардио активности што можете да ги правите секогаш кога ќе имате можност за тоа.rn
5. Трчање
rn
rnrnТрчањето со лесно темпо е одличен начин да му кажете на вашето тело да продолжи да вежба, но да му дадете шанса да се одмори од интензивното вежбање. Километражата не е важна, важно е да не се чувствувате премногу уморни и исцрпени.rn
6. Возење статичен велосипед
rn
rnrnОвој вид активно закрепнување ви овозможува да работите на зголемување на вашата издржливост, без да ги форсирате мускулите до нивната крајна издржливост. Возењето половина час со лесно темпо е сосема доволно за дневна сесија активно закрепнување.rnrnПрочитајте кои се идеалните вежби и спортови за вас според вашата крвна група.