Претходно
Солени вафли со тиквички за секоја пригода
Вкусен рецепт, богат со витамини и секако, многу лесен за подготовка!
Потребни состојки:
- 200 г брашно
- 2 лажички прашок за пециво
- 1 јајце
- 50 г маргарин
- 4,5 децилитри млеко
- 1 тиквичка
Начин на подготовка:
- Изрендајте ја тиквичката, посолете и оставете да се исцеди добро.
- Додајте го брашното и прашокот за пециво и измешајте.
- Потоа, додајте го млекото, стопениот маргарин, јајцето и пак мешајте.
- Земете од смесата и ставете во апаратот за вафли.
Погледнете го и овој рецепт за домашен хумус кој ќе го обожавате.