Село на вода: Во оваа држава секоја зграда има базен и бар на кровот
На Малдивите е отворено ново одморалиште наречено Lux North Male Atol кое нуди вистинско уживање во тропскиот рај во Индискиот Океан. Станува збор за луксозното село на вода кое се состои од вкупно 67 двоспратни згради во лагуните, но и на плажата. Секоја зграда е опремена со сопствен базен и пријатно место за релаксирање на кровот. Во барот на кровот можете да уживате во добра масажа, филм под отворено небо, романтична вечера за двајца или пијалак со друштво.
Овие згради имаат огромни дневни соби, луксузни бањи и тушеви на отворено. Сместувањето може да се резервира по цена од околу 1000 евра за вечер. Целото одморалиште можете да го изнајмите и по „прифатлива“ цена од 158 000 евра за три ноќи.
Погледнете го овој град од соништата во Северна Африка.