Црвеното срце на Австралија

Црвеното срце на Австралија

Улуру или Ајерс рок е масивна портокалово-кафена песочна карпа која се наоѓа точно во средишниот дел на Австралија. Лоцирана е на 450 км југозападно од најблискиот голем град Алис Спрингс. Оваа карпа која нагло се возвишува во сува рамница настанала како резултат на песочните наноси кои ветрот ги носел со векови, поточно пред 680 милиони години. Карпата е долга 3,6 км, широка 3 км, а висока 348 м.Црвеното срце на АвстралијаУлуру преставувало свето место за Абориџините, австралиските домородци. Денес Улуру претставува еден од многубројните национални симболи на Австралија. На долниот дел од карпата има голем знак со кој се замолуваат луѓето да не се искачуваат по неа, бидејќи античките традиции и верувања не го дозволуваат тоа. Но, тој знак реално не ги спречува луѓето дури ни на жешкото време да се искачуваат по стрмната карпа. За да се минимизира бројот на несреќи, поставени се огради на кои авантуристите можат да се придржат ако се лизнат. Црвеното срце на АвстралијаВо знак на сеќавање на оние кои починале обидувајќи се да се искачат на брдото, направени се плочи со нивните имиња.
Црвеното срце на АвстралијаОваа вдлабнатина е дело на природата, а потсетува на лице на домородец во профил.Црвеното срце на АвстралијаЦрвеното срце на АвстралијаНавечер, кога карпата „спие“, ја менува својата боја. Поточно, во текот на денот, таа неколку пати ја менува својата боја, во зависност од интензитетот на светлината од Сонцето.Црвеното срце на АвстралијаПокрај оваа карпа има мало езерце, кое се оформило со насобирање вода од дождовите низ каналите на карпата.Црвеното срце на АвстралијаОва е погледот кон карпестите планини Kata Tjuta, кои се наоѓаат на 50 км од Улуру, а се дел од истиот национален парк „Uluru Kata Tjuta“.Црвеното срце на АвстралијаЦрвеното срце на Австралија


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар