Кога посетувате некого, никогаш не чепкајте по фиоките, не вадете храна од фрижидерот, не гледајте ги сметките и не палете цигари без дозвола од домаќинот.rnrn
rn
1. Врата
rnСе разбира, ќе ви биде дозволено да допрете туѓа врата, но никогаш не треба сами да влезете во нечиј дом без присуство на домаќинот или ако не сте поканети. Секогаш чукајте или ѕвонете на ѕвончето, дури и ако вратата е отклучена, освен ако домаќинот јасно не ви кажал поинаку.rn
2. Спална соба
rnВлегувањето во нечија спална соба не е учтиво, освен ако не сте поканети. Постојат ситуации кога би можеле да влезете во нечија спална соба, на пример ако домаќините ги оставаат палтата на гостите таму, но дури и во тој случај, прво почекајте домаќините да ви кажат дека смеете да влезете таму.rn
3. Подот – додека носите чевли
rnВо зависност од социјалните норми и од личните навики на домаќинот, многумина имаат правило да не шетаат низ домот во чевлите што ги носат надвор. Затоа, пред да влезете во нечиј дом со чевли, прво погледнете како се однесува домаќинот. Ако шетаат низ куќата со чевли, тоа веројатно ќе биде прифатливо и за вас.rn
4. Фрижидер и фиоки во кујната
rnВо ред е да го отворите фрижидерот кога се наоѓате во куќата на најдобриот пријател или на семејството, но во сите други случаи, непристојно е да земете туѓа храна без прашање.rn
5. Прозорци и термостат
rnМногумина не им дозволуваат на некои членови од семејството да го допираат термостатот, а камоли на гостите. На крајот на краиштата, тој што ги плаќа сметките одредува каква ќе биде температурата. Истото важи и за отворањето прозорци.rn
6. Фиоки и плакари
rnОтворањето фиоки и плакари во домот на некој друг е дефинитивно чепкање во приватноста. Никогаш не копајте низ работите во просторија каде што домаќинот не ве гледа или не ве очекува.rn
7. Работно место, пошта и сметки
rnНе знаете како некој сака да го организира својот работен простор и затоа не преместувајте ги работите на нечие биро. Гледањето на сметките и на поштата е навистина непристојно.rn
8. Цигари и електронски цигари
rnАко домаќинот не пуши или не ви дава дозвола да пушите, никогаш не смеете да пушите цигари во туѓ дом. Ова правило е уште построго ако има деца во домот. Ако навистина треба да запалите цигара, извинете се и излезете надвор.rn
9. Wi-fi лозинка
rnОбидете се да се воздржите од барањето wi-fi лозинка ако не сте многу чест гостин. Покрај тоа, ако ја побарате лозинката веднаш штом ќе пристигнете, на другите им давате знак дека поголемиот дел од времето ќе го поминете на вашиот мобилен телефон, а тоа не е пристојно.rnrnПрочитајте како да го средите домот 15 минути пред доаѓањето на гостите.