Тиквички со фета сирење: Лесен медитерански ручек или гарнир за месо

Тиквички со фета сирење: Лесен медитерански ручек или гарнир за месо

Овој рецепт е многу лесен и брз, а веруваме и дека ќе уживате во неговиот медитерански вкус.

Тиквички со фета сирење: Лесен медитерански ручек или гарнир за месо

Потребни состојки:

  • 3 средни тиквички
  • 100 г фета сирење
  • 1 глава зелена салата
  • 1 грст ореви
  • маслиново масло
  • оригано
  • лимон

Начин на подготовка:

  1. Добро измијте ги тиквичките и отсечете им ги врвовите.
  2. Измијте ја зелената салата, додадете сол и оставете да се исцеди добро.
  3. Блендирајте ги оревите.
  4. Исечете ги тиквичките на дебели кругови и премачкајте ги со маслиново масло.
  5. Загрејте ја тавата или скарата и печете ги тиквичките 5 до 6 минути додека не омекнат. Превртете ги кога ќе добијат златна боја.
  6. Извадете ги и посипете ги со фета сирење.
  7. Наредете ја салатата на голем послужавник и посипете со сок од лимон и маслиново масло.
  8. Доколку сакате, можете да додадете повеќе суров зеленчук по вкус.

Можеби ќе ве интересираат и овие 10 трикови за ручекот да изгледа како да е од најдобриот ресторан.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар