Експлозија од вкусови: Маринирани пилешки крилца

Експлозија од вкусови: Маринирани пилешки крилца

Сочните, меките и вкусни пилешки крилца се уште една причина поради која секогаш ќе се навраќаме на рецептите со пилешко.

Едноставно месо, а толку многу можности за рецепти! Овој рецепт со парче пилешко месо можете да го најдете на секое мени денес во кое подеднакво уживаат и младите и старите.

Ако сте во потрага на нови вкусови и инспирација, печено пилешко со портокал и лук е комбинација која ќе ве воодушеви. Можеби крилцата не ви се омилени и ако не знаете што да правите со нив, погледнете го овој рецепт.

Експлозија од вкусови: Маринирани пилешки крилца

Потребни состојки:

  • 1 кг пилешки крилца
  • 3 лажици сос од соја
  • 1 лажичка пипер во прав
  • 2 лажици мед
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици масло од сусам
  • 1 лажичка чили сос
  • 1 лажица свежо рендан ѓумбир
  • сок од половина лимон

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте го лукот и заедно со наведените состојки направете маринада. Ставете во поголем сад.
  2. Исечете ги крилцата на два дела, ставете ги во садот со маринада, добро измешајте и оставете ги крилцата да отстојат 2 до 3 часа, а по можност подолго.
  3. Подгответе сад за печење, покријте го со хартија за печење и поставете ги крилцата. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени и печете за 30 до 40 минути. Потоа свртете го грејачот како за скара и печете уште 10 минути додека не добијат златна боја.
  4. Послужете веднаш со сезонска салата.

Пробајте го и овој рецепт за пита од шпагети.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар