Запловете низ вкусовите, аромите и боите на индонезискиот пловечки пазар
Она што го прави овој пазар еден од поголемите на светот и сигурно еден од највпечатливите е големиот број на чамци набиени едни до други, преполни со овошја и зеленчуци. Таму жените од индонезиското село Лок Баитан ги продаваат своите производи.
Со нивната облека во живи бои, розова, портокалова или плава ја надополнуваат палетата на живописниот овошен пејзаж полн со банани, лајм, ананас, дињи и лубеници, манго, авокадо, кокос, гуава, како и други егзотични овошја.
Иако е само пазар, ова е спектакуларно и егзотично место кое веруваме дека вреди да се посети. Покрај пловечкиот пазар во Индонезија, постои сличен таков и во Тајланд и е редовна дестинација за многу туристи.
Прочитајте и за овој град во кој наместо жичарница има лифт што го поврзува долниот со горниот град.