Што ќе биде со прегратките по завршувањето на пандемијата?

Што ќе биде со прегратките по завршувањето на пандемијата?

Во свет без физички контакт, луѓето што сакаат да се гушкаат сонуваат за деновите кога ќе ги почувствуваат топлите прегратки и се прашуваат што ќе се случи со гушкањето по завршувањето на пандемијата. Дали луѓето ќе трчаат во прегратка едни со други? Или, наместо тоа, ќе почне традиција на непријатно, но општествено одговорно допирање со лактите?

Што ќе биде со прегратките по завршувањето на пандемијата?

Според едно истражувањето во кое се опфатени 2.000 Американци, прегрнувањето почнува да биде една од главните грижи на луѓето, при што 51% од учесниците признаваат дека помислата да прегрнат некого им предизвикува вознемиреност.

Во текот на изминатите неколку месеци, правилата за социјална дистанца се врежаа во нашите умови. Да стоите на растојание од 2 метри стана нормална појава, а гушкањето може да почне да се смета како нарушување на личниот простор. Бидејќи здравствените експерти сè уште откриваат кои се најдобрите препораки, веројатно ќе треба да помине некое време пред да почнете да се гушкате, дури и ако станува збор за нови, невообичаени прегратки.

Според Кат Томас, сексуален експерт, основната човечка потреба за допир ќе постои секогаш. Таа предвидува дека прегратките ќе се вратат повторно, особено откако ќе се најде вакцина за коронавирусот, бидејќи физичкиот допир е од витално значење за целокупната благосостојба.

„Гушкањето, прегратките и допирот играат важна улога и ни помагаат да бидеме здрави човечки суштества“, вели таа. „Од научна гледна точка, гушкањето го зголемува нивото на окситоцин.“

Дали некогаш се прашувате зошто се чувствувате толку добро кога сте во близина со друга личност, па дури и мачка или куче? Интеракцијата го подобрува расположението, ја ублажува вознемиреноста и го зајакнува имунолошкиот систем. Во ред е да останете без прегратки неколку месеци бидејќи е потребно да одржувате растојание за време на пандемијата за да го спречите ширењето на вирусот. Но, неколку месеци е навистина долг период за оние на коишто им се потребни прегратки за да се чувствуваат добро.

За среќа, за сите што ја чувствуваат таа празнина, постојат многу други начини да останат поврзани. Можете да разговарате преку телефон или да направите видеоповик затоа што овие активности ќе ви помогнат да се чувствувате „видено“.

Тие не се совршена замена, но може да предизвикаат чувство на топлина и да ви помогнат да се чувствувате помалку осамено додека не дојде денот кога ќе може повторно да уживате во прегратките. Дотогаш, се надеваме дека оваа пандемија ќе нè научи колку е важен допирот.

Можеби ве интересира дали ќе се зголеми бројот на случаи на семејно насилство за време на пандемијата на коронавирусот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар